Грчките производители на алкохол преплашени од барањата на ЕУ
Објавено во: Балкан 26 Септември, 2015 10:21
Грчките производители на алкохол се преплашени од барањето на Европската унија за укинување на долгогодишните даночни олеснувања, кои најверојатно ќе чинат финансиски тешкотии и загуби во износ од милиони евра, коментира AFP.
Традиционалните евтини алкохолни пијалоци како ракија, ципуро и цикудија кои се консумираат масовно во целата земја, се оданочуваат со даночна стапка, двојно помала од онаа за останатите видови алкохол. Во четвртокот ЕК инсистираше Атина да го отстрани ова даночно олеснување.
Грчката влада има рок од еден месец, за да и одговори на ЕК, а ако не го реши прашањето, против Атина може да биде поднесена тужба во Европскиот суд.
Во август Грција го ратификуваше 3-годишниот план за спас, кој бара од неа да се справи со сеприсутното неплаќање на даноците. Договорот бара уште од земјата да ги укине привилегиите за земјоделците како што е поевтино гориво и даночните олеснувања врз приходите.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




