Грчките земјоделци ги зајакнуваат блокадите во целата земја
Објавено во: Балкан 09 Февруари, 2013 13:25
Грчките земјоделци ги зајакнувата блокадите во целата земја и не е исклучена можноста да се затвори пат кон границата со Бугарија, пишува електронското издание на весникот „Прото тема“. Блокади во моментов има на магистралите Серес-Солун и Серес-Промахон.
Земјоделците протестираат веќе втора недела и за викендов планираат да вклучат што е можно поголем број земоделски машини. Тие се закануваат со затворање на магистралите и пристигнување со трактори и камиони во Атина, а апелираат и до другите социјални групи да им се приклучат.
Владата на премиерот Андонис Самарас претходно оваа недела одобри пакет мерки, со кои делумно се задоволуваат барањата на земјоделците. Според нив сепак Владата си поигрува со нив и им „фрла трошки“.
Одлуката за натамошните активности тие ќе ја донесат на советувањето утре во градот Лариса.
Едно од главните барања на земјоделците е да ги продаваат своите производи без посредници, бидејќи тие добиваат поголем дел од заработувачката.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





