Грчкото овошје и зеленчук содржат опасни пестициди
Објавено во: Балкан 14 Мај, 2013 15:15
Овошјето и зеленчукот во Грција содржат 27 различни видови пестициди, кои можат сериозно да го загрозат човековото здравје, соопшти грчката филијала на организацијата за заштита на животната средина Гринпис.
Според Грипис, како што јави БТА, повеќето од пестицидите откриени во грчкото овошје и зеленчук се забранети во рамките на ЕУ и се токсични.
Организацијата наведува дека во примерок од морков одгледан во Грција е откриен пестицидот линурон, кој може да има штетни последици врз човечките ембриони, како и врз репродуктивната способност на луѓето. Во јаболката се откриени мешавини кои содржеле меѓу три и девет вида пестициди, а кај крушите остатоци шест видови отровни супстанции.
Грција нема законска рамка со која потрошувачите би биле заштитени од ваквите производи, наведува Грипис, потсетувајќи дека според важечките грчки закони, може само да се изрече забрана за користење на одреден пестицид во траење до најмногу 120 дена.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





