Добивај вести на Viber
Невработеноста во Грција остана без измена во март, признавајќи едвај забележлив пад на 26,8% од ревидираните нагоре 26,9 отсто во февруари, објави Националнатат статистичка агенција на Грција.
Аналитичарите очекуваа стапката на невработеност да се намали до 26,4%, но нивото остана највисоко во целата еврозона, пишува WBP Online. Меѓу младите на возраст помеѓу 18 и 23 години бројката продолжува да е поизразено висока - 58,3%, додека кај луѓето меѓу 25 и 34 години таа достигна 35 отсто.
Сепак грчката економија продолжува полека да се подобрува во целина по враќањето на должничките пазари во април. Бруто домашниот производ (БДП) на земјата се намали за 1,1 отсто во првиот квартал иако се очекуваше пад од 1,3% и контракција во четвртиот квартал на 2013 г од 2,3%.
Продажбата на мало во Грција сепак потсети дека будењето на Грција од економскиот кошмар ќе биде тешко и бавно, откако се намали за 3,4% на годишна основа во март.
Минатиот месец Fitch Ratings го подобри долгорочниот кредитен рејтинг на Грција до "B" со стабилни изгледи, мотивирајќи ја одлуката со подобрувањето на економските и фискалните услови во земјата.
Пред тоа во почетокот на април Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја заврши својата четврта проценка за презентацијата на грчката економија по долги месеци политички ќорсокак, кој доведе до одложување на оценувањето. Крајот на надзорот и даде пристап на Грција до нов заем од 8,3 милијарди евра од Европскиот механизам за финансиска стабилност, кој ќе биде преведен во следните месеци.
Кревката политичка ситуација во Грција се усложни уште повеќе по историската победа на левичарската партија "Сириза" на изборите за Европскиот парламент, која доби 26,5% од гласовите, додека зад неа останаа владејачките конзервативци од Нова Демократија со 22,7% и коалицискиот партнер ПАСОК со 8%.
Слична дистрибуција на гласовите може да доведе до нова политичка криза или предвремени избори во краток рок, бидејќи "Сириза" веројатно ќе се обиде да извлече максимална корист од нараснатата доверба кон неа.
K.K.