Грција денес урна рекорд со бројот на заразени од коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 01 Ноември, 2021 18:05
„Црн рекорд“ има кај јужниот сосед. Во Грција има повеќе од 5.000 случаи на коронавирусот, односно рекорден број новозаразени од почетокот на пандемијата.
Станува збор за 5.449 нови случаи, што е првпат, од почетокот на пандемијата, во земјата да има над 5.000 новозаразени, а во изминатите 24 часа починаа 52 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Зголемен е и бројот на пациенти приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците, вкупно 430, девет повеќе од вчера. Од нив, 364 односно 84,65 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани, а останатите 66 (15,35 проценти) се вакцинирани. Досега во Грција починаа скоро 16.000 луѓе од вирусот. Во сите балкански земји бројот на инфицирани е доста висок. Државите преземаат мерки за да го спречат ширењето на вирусот.
Фото: EPA-EFE/DIMI CHAROUSIS
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии
ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени





