20 Декември, 2025
0.0556

Грција ќе претседава со ЕУ, но со најмал буџет досега?

Објавено во: Балкан 21 Септември, 2013 13:45

Добивај вести на Viber

Грција ќе го преземе ротирачкото претседателство на Европската унија (ЕУ) од 1 јануари 2014 година со помал буџет, пренесе електронското издание на весникот Катимерини. „Нашата земја ќе потроши не повеќе од 50 милиони евра за шестмесечното претседателство на Унијата, што ќе започне од јануари", изјави заменик-министерот за надворешни работи Димитрис Куркулос пред парламентарната Комисија за европски прашања. Куркулос посочи дека грчката влада ќе издвои помалку средства за претседателството на ЕУ, отколку што биле распределени од другите земји изминатиот период. Тој додаде дека за разлика од неодамнешните претседавачи, од кои се  бараа меѓу 60 и 75 милиони евра и до 250 вработени, Грција ќе потроши помалку пари и ќе користи не повеќе од 150 вработени. Двајца германски парламентарци претходно оваа недела ја повикаа Атина да се откаже од планираното преземање на претседателствувањето со Унијата на 1 јануари 2014 година. Според нивните зборови,  задолжената земја не треба да добие ново финансиското оптоварување, што според нив ќе чини околу 100 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација