ГРЦИЈА ОД ДЕНЕСКА ВО КАРАНТИН: До крајот на ноември ќе работат само маркети и аптеки, економски колапс и за македонските мали бизниси
Објавено во: Економија, Балкан 07 Ноември, 2020
Поради големиот
број новозаразени со коронавирусот, властите во Грција одлучија од денеска да
воведат карантин на територијата на цела држава. Ова го најави уште завчера
грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој во обраќање до јавноста рече дека не
сака да биде одговорен за губење човечки животи, а епидемилошката состојба во
земјата е таква која налага да ја воведат оваа мерка.
Во Грција од денеска до крајот на ноември ќе работат само маркетите и аптеките, а граѓаните преку СМС-порака ќе може да побараат дозвола за кратко да го напуштат домот и да си купат што им треба. Исто така ќе работат и градинките и основните училишта, но не и средните училишта.
Поради ваквата состојба, голем дел од бизнисите трпат големи загуби. Дел од сопствениците на малите трговски бизниси и во земјава кои набавуваат разни стоки од Грција велат дека од ден во ден ситуацијата е се полоша.
-Чекаме само кога ќе ставиме клуч на вратата. Се што продавам, го набавувам од Грција, за жал мојот грчки пријател вели дека не може ништо да ми испорача до крајот на месецов, зошто во моментов веќе се во карантин. Никогаш не можев да верувам дека ќе не снајде ова, вели Јане Р. Од Гевгелија.
Голем број од европските земји ја воведоа оваа крајно рестриктивна и непопуларна мерка, но сметаат дека тоа е едиснтвениот начин да се намали трансмисијата на коронавирусот и да се запре порастот на новозаразени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.