Грција парализирана од генералниот штрајк на синдикатите
Објавено во: Балкан 16 Јули, 2013
Грција е парализирана поради генералниот штрајк на синдикатите. Возовите се запрени, а во болниците се примаат само итни случаи. Четвртиот генерален штрајк во земјата е одговор на владините планови за отпуштање на илјадници вработени во јавниот сектор.
Додека меѓународните кредитори бараа земјата да спроведе реформа на јавниот сектор и да отпушта работници за да заштеди пари, овие резови предизвикаа гнев кај Грците бидејќи стапката на невработеност се приближува кон 30%.
Над 30.000 демонстранти се собраа пред грчкиот Парламент и извикуваа „Без повеќе принесување жртви“ и „Изгорете ја тројката“.Ошштините се затворени, јавниот транспорт закочен поради штрајкот на возачите на автобуси и тролејбуси. Проблеми има и во авио сообраќајот, но главно кај домашните летови. Штрајкуваат и службите за јавна чистота, банкарски службеници, новинарите.
„Продолжуваме со борбата за окончување на политиката која ги уништува вработените и ја води економијата кон уште подлабока рецесија“, соопшти синдикатот на вработените во приватниот сектор GSEE.
И жлезничкиот сообраќај меѓу Македонија и Грција е во прекин до 24 часот.
Штрајкот во Грција се одржува пред утрешното гласање во парламентот за пакетот-закони за ревизија на државниот сектор, што е услов за давање на помошта од меѓународните кредитори.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.