05 Декември, 2025
0.0271

Грција парализирана-поради штрајк запрени бродовите, возовите, автобусите

Објавено во: Балкан 01 Мај, 2013 10:40

Добивај вести на Viber

Поради штрајк на вработени во поморскиот и железничкиот сообраќај запрен е сообраќајот на бродовите и возовите во Грција. Сите вработените во овие сектори ќе учествуваат во 24 часовен штрајк за 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. Штрајкот го организираа двата најголеми синдикати во земјата - синдикатот на вработените во приватниот сектор ГСЕЕ и во државниот сектор АДЕДИ. Денеска ќе има и голем протест пред зградата на Парламентот и од синдикатот ПАМЕ. Фериботните компании поради празниците планираат вонредни маршрути и измени на часовите на сообраќање со цел да ги опслужат патниците за време на првомајските и велигденските празници. Патниците, кои имаат билети за бродови до островите за 1 мај, се повикуваат да се поврзат со туристички агенти, а со железничката компанија треба да се консултираат патниците кои имаат билети за воз. И во Атина ќе има проблеми во сообраќајот бидејќи автобусите и тролејбусите ќе се движат од девет до 21 часот, по што ќе се вклучат во штрајкот. Метрото почнува со работа во девет часот, но нема да сообраќа до меѓународниот аеродром.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии