Грција „шампион“ во поскапена храна во јуни
Објавено во: Економија 21 Јули, 2023 13:01
Грција забележа во јуни највисок месечен пораст на цените, 3,3 отсто, во категоријата храна, не само во еврозоната, туку и во цела Европската унија, објавио Катимерини.
Всушност, порастот забележан на цените на храната во јуни 2023 година во однос на мај 2023 година бил дури и поголем од оној во Турција. Според податоците на Грчката статистичка управа (ЕЛСТАТ), месечната промена на цените на храната била 2,10 проценти, што е понизок пораст од оној што го дава Евростат, но подеднакво загрижувачки, бидејќи е втор највисок регистриран по војната во Украина.
Во јуни цените се зголемиле втор месец по ред, спротивно на очекувањата, затоа што енергенсите во меѓувреме поевтинија.
Така, производите од сирење, а особено оние од козјо и овчо млеко, како фета, но и гравиера, сега изгледаат како луксузни производи, со нивните цени, дури и во супермаркет, достигнувајќи 13, односно 15 евра за килограм, додека нема поевтино овошје од едно евро по килограм.
Треба да се напомене дека цената на млекото останува на истото високо ниво како лани и покрај тоа што падна производствената цена.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




