Грција со продолжено работно време во продавниците ќе ја стимулира потрошувачката
Објавено во: Балкан 25 Јули, 2013
Грчкиот парламент вчера го одобри законот со кој се продолжува работното време на продавниците, кои сега ќе можат да работат и во недела. Со ваквата мерка Грција прави обид да ги поттикнува туристите да трошат повеќе, со што ќе се стимулира економијата, што е погодена од длабока криза.
Големите трговски центри ќе работат седум дена во неделата, а на малите продавници ќе им биде дозволено да работат и во недела, што досега не беше практика.
Но, Асоцијацијата на малите продавници, левичарските опозициски партии и претставници на грчката православна црква силно се противат на новите мерки, против кои синоќа во Атина беа организирани протести.
Грција годинава очекува јакнење на клучниот туристички сектор. Според податоците на Банката на Грција, во првиот квартал на оваа година земјата ја посетиле повеќе од еден милион туристи, што е за 4,6 отсто повеќе во однос на истиот период од лани.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.