Грција со вето против увозот на „фета“ сирење од Канада
Објавено во: Балкан 27 Септември, 2013 10:22
Со цел да го спречи увоз во ЕУ на бело сирење од брендот „фета“ од Канада, Грција е подготвена да ги искористи сите законски можности, дури и да стави вето, изјави во Солун главниот секретар на грчкото Министерство за земјоделски развој и храна, Димитрис Мелас.
Според објавите на весникот „Нафтемборики“, најавата на Мелас доаѓа во пресрет на преговорите за слободна трговска размена меѓу ЕУ и Канада.
Мелас нагласи дека Грција во писмена форма го известила канадскиот претставник за своите намери, како и дека планира прашањето со „канадската фета“ да го постави на планираната средба на ЕУ во ноември.
Европската комисја, а потоа и Европскиот суд, решија дека сирењето „фета“ е грчки бренд и дека тоа може да се нарекува така само доколку е произведено во одредени региони во Грција.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




