19 Декември, 2025
0.0494

Грците бараат работници, ова се платите кои ги нудат

Објавено во: Економија 04 Јули, 2019 06:49

Добивај вести на Viber

На повеќе места во Грција се бараат сезонски работници, а платите се од 800 до 1.000 евра.

За таа цел посредници регрутираат работници и од Македонија.

Се бараат келнери, собарки, помошнички за во кујна, а се работи секој ден по 8 до 10 часа. Работници се бараат за Крит, Лезбос, Карпатос, Лефкада, Санторини и други места кај јужниот сосед.

„Напорно е, но кога ќе заврши работното време, луѓето имаат време да се опуштат на плажа. Голем интерес има за работа кај Македонците, Бугарите, Србите, Албанците. Се бараат луѓе за цела сезона која трае 6 месеци. Ако работите како келнерка нормално дека бараат одличен англиски јазик, но ако сте во кујна, тогаш доволно е да се разберете“, вели посредник од Битола.

Но, освен странци и дел од Грците кои живеат во Атина и Солун преку лето работат на островите затоа што тоа за нив е исплатливо.

„Заминуваат и млади и стари, некои добиваат бакшиш таму, а некои не. Младите се во еуфорија си велат супер, ќе работам месец дена, плус одмор на море, а постарите остануваат по 6-7 месеци. Колку се задоволни од газдите таму, тоа е индивидуално. Имаме заинтересирани од сите македонски градови за работа во Грција, но најголем дел се од Скопје“, додава посредникот.

Сепак, посредникот вели дека дефинитивно се исплати да се работи во Грција, затоа што работодавачот обезбедува сместување и храна.

Недостиг на работници има во повеќе балкански земји. Сезонци бараат Хрватска, Црна Гора, но и Бугарија. Во неможност да ги задоволат потребите овие земји „увезуваат“ работници од странство. 

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?