Грците немаат пари за луксуз, успеваат да ги покријат само основните потреби
Објавено во: Балкан 14 Мај, 2013
Заради долготрајната економска криза во Грција се сменети потрошувачки навики. Ова го покажаа податоците од истражувањето на јавното мислење на агенцијата Нилсен. Како што пишува во грчка „Прото тема“, голем дел од граѓаните (77 отсто) ги намалиле трошоците за забава надвор од дома, а 67 отсто се насочиле кон поевтини потрошувачки производи.
Од десет Грци четворица кажуваат дека не успеват да заштедат пари откако ќе ги покријат основните потреби, а околу 90 отсто од учесниците во анкетата сметаат дека земјата е во рецесија и кризата ќе продолжи.
Најголемо стравување за Грците е наоѓањето работа, а економската ситуација и личната задолженост и натаму ги вознемируваат. Грција е на второ место, по Португалија по во песимизмот, во истражувањето на Нилсен каде биле вклучени 58 држави.