Грците оптимисти дека ќе расте бројот на туристи
Објавено во: Балкан 02 Мај, 2013 11:58
Грција до големи очекувања од туризмот, за годинава се планира заработка од 11 милијарди евра, за овие приходи до 2017-та да достигнат до 18 милијарди евра. Како што пишуваат грчките весници, иако поради кризата земјата загуби дел од туристите од Германија, Велика Британија и Франција, Грците се надеваат дека овие гости повторно ќе се вратат на нивните плажи.
Според Асоцијацијата на грчките туристички агенции, во следните десет години туризмот ќе стане еден од главните сектори во економијата. Предвидувањата се дека уделот на туризмот во економскиот раст ќе стигне до 37 отсто, а околу 42 проценти од новите работни места во иднина да бидат во овој сектор.
Од 2007 до 2010 година земјата загуби околу половина милион германски туристи, 150 илјади британски и околу 100 илјади француски туристи, покажаа статистиките на грчките тур оператори.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





