15 Декември, 2025
0.0304

Грешка во преводот или обид за договор: Порошенко му предложил на Путин да го земе Донбас

Објавено во: Свет 06 Април, 2015 21:15

Добивај вести на Viber

„Тој (Порошенко) ми кажа директно: Земете го Донбас“, а јас му одговорив: Ти полуде ли? Не ми е потребен Донбас. Ако на вас не ви е потребен, прогласете ја неговата независност“. Тоа го раскажал Владимир Путин на 19 март на затворена средба за новинарите со претставниците на Унијата на индустријалци и претприемачи (РСИП), соопшти руското издание „Форбс“.

Рускиот претседател во разговорот со украинскиот колега на средбата на 11-12 февруари во Минск во „нормандски формат“ (лидерите на Русија, Германија, Франција и Украина), завршила со потпишување на примирје меѓу Киев и проруски сили.

Според очевидци Путин објаснил дека Петро Порошенко сакал Москва да ги преземе социјалните плаќања во Донбас, но дека не може да прогласи независност.

„Овие нешта (плаќања) може да бидат ако регионот е дел од Русија, но додека е дел од Украина, плаќањата треба да се преземат од Киев“, одговорил рускиот претседател.

По повод напишаното од „Форбс“ портпаролот на украинското МНР Евхен Перебинис напишал на „Твитер“ дека неправилно е разбран глаголот, користен од Порошенко. „Забиратеса" (отстранувајте се) од Донбас не значи „забирате“ (земајте) Донбас, прецизирал тој.

Кремљ одби да даде коментар по објавувањето на пораката од страна на Евхен.

Во исто време Окружниот административен суд во Киев пресуди дека Украина мора да продолжи да плаќа пензии и помош во Донбас, запрени во ноември 2014-та.

Вчера Порошенко потврди дека е подготвен за референдум за угледот на Украина, посочувајќи дека 90% од граѓаните се за зачувување на интегритетот. Тој беше категоричен дека децентрализацијата нема ништо заедничко со федерализацијата.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев