Грижа за вработените: УНИБанка отвори простор за поврзување и релаксација
Објавено во: Мои пари 11 Септември, 2025 07:59
УНИБанка официјално го отвора новиот заеднички простор во Централата на Банката, со цел да обезбеди подобра работна атмосфера и да ја зголеми удобноста на своите вработени.Овој чекор е дел од стратегијата за создавање подобри услови за работа и поголема поврзаност меѓу колегите.
Просторот, кој ќе биде достапен за користење од 10.09.2025 година, е предвиден како бенефиција за сите вработени. Станува збор за место каде што вработените ќе можат да се опуштат, да уживаат во оброк и да се дружат со своите колеги. Дополнително, просторот е предвиден и за организирање на внатрешни настани и роденденски прослави кои го зајакнуваат тимскиот дух и колегијалноста.
Со отворањето на овој простор, УНИБанка испраќа порака дека грижата за вработените е врвен приоритет. Оваа иницијатива е дел од поширокиот пакет бенефиции што Банката ги нуди. Меѓу нив се издвојуваат ден за роденден, слободен ден за родителите на првачиња, слободен ден во случај на загуба на домашно милениче, како и т.н. „Surprise day“ – дополнителен слободен ден како награда за исклучителен придонес и резултати.
Со вакви иницијативи, УНИБанка ја потврдува својата посветеност кон благосостојбата на вработените, создавајќи услови за подобар баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот. Новиот простор претставува место за дружење, размена на позитивна енергија и изградба на поубаво и попријатно секојдневие на работното место.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





