Грк излегува од турски затвор за да го погреба синот кој загина во железничката несреќа
Објавено во: Балкан 08 Март, 2023 15:53
Татко излегува од турски затвор за да го погреба својот син кој загина во железничката несреќа во Грција.
Одлуката за префрлање на таткото во грчки затвор ја одобри турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по телефонскиот разговор со неговиот грчки колега Никос Дендиас во понеделникот, изјави грчкиот кривичен адвокат Алексис Кујас, цитиран од ТВ Мега.
Минатата недела затвореникот поднел барање до турскиот затвор да му биде дозволено да присуствува на погребот, јави АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори.
Во несреќата загина неговиот 28-годишен син Николас Налбандис. Момчето загина во судир на два воза во превојот Темпи на 28 февруари. Во несреќата настрадаа 57 патници.
Шефот на железничката станица во Грција истиот ден кога се случи несреќата во која загинаа 57 луѓе, испратил уште една композиција на погрешен колосек. Тој ја призна вината и може да добие од 10 години до доживотен затвор. По несреќата имаше насилни протести во Атина.Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




