19 Декември, 2025
0.0458

Гробот на Александар Македонски откриен во Египет?

Објавено во: Свет 01 Мај, 2014 15:09

Добивај вести на Viber

Група полски археолози тврдат дека во Египет го пронашле гробот на Александар III Македонски, познат и како Александар Велики. Пронајдената гробница е во областа Ком ел-Дика, во срцето на Александрија, на само 60-тина метри од џамијата Неби Даниел, каде според арапските традиционални верувања се наоѓа гробот на големиот војсководец и каде досега беа извршени многу ископувања. Гробницата, која во античко време била познато место за посета, наводно била запечатена и скриена во третиот или четвртиот век од новата ера, за да се заштити од христијанско уништување на паганските објекти, со промената на официјалната религија во Римската Империја. Целиот монумент, според историските преданија, е сведоштво за мултикултурната природа на империјата на Александар - комбинација на уметнички и архитектурни влијанија од грчко, египетско, македонско и персиско потекло. Инскрипциите во мавзолејот, повеќето на старо-грчки и египетски јазик, споменуваат дека тој е посветен на „Кралот над кралевите, Освојувачот на светот, Александар III“. Во него бил пронајден скршен сакрофаг од кристал, веројатно оштетен за време на политичките немири во Александрија во 270-тата година од новата ера. Исто така биле пронајдени и 37 коски, повеќето скршени или многу оштетени, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на едно возрасно машко лице. Во тек е анализа за да се утврди староста на коските, како и испитувања кои треба да покажат дали тие му припаѓаат на старо-македонскиот крал. На локацијата биле пронајдени само мал број други артефакти, искршена грнчарија, најмногу од Птоломејската и Римската ера. Египетскиот Врховен совет за антиквитети досега утврдил повеќе од 140 неуспешни потраги по гробницата на Алексдандар Македонски, а историчарите се обидуваат да понудат објаснување зошто археолошките потраги по еден од најзначајните историски објекти досега не даваат резултати. Дел од историчарите дури и ја споменуваа можноста посмртните останки на Александар да биле ненамерно украдени од Александрија од страна на неколкумина трговци од Венеција, кои верувале дека во Венеција ги пренесуваат останките на Свети Марко Евангелистот. Тврдењата на Плутарх и на дел од арапските историчари, пак, одат во насока дека во 321 година пред новата ера, на пат кон Македонија, погребната кола со телото на Александар Велики во Сирија ја украл еден од неговите генерали Птоломеј I Сотер. Тој го пренасочил телото на водачот кон Египет, каде што било погребано во Мемфис. Подоцна, телото на Александар било префрлено од Мемфис во Александрија и повторно погребано. Најновото откритие на полските археолози може да биде едно од најважните и најголемите во светската историја, доколку се потврди дека гробницата навистина му припаѓа на македонскиот крал.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците