05 Декември, 2025
0.3876

Грозданов: Становите набрзо ќе поевтинат за 15%

Објавено во: Македонија 25 Август, 2013 12:47

Добивај вести на Viber

Цените на становите наскоро ќе паднат за 15%, вели Цветко Грозданов, директорот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, за потраплот еВести. Според него, приватниците сега одат со маржи повисоки од 30%. „Просечната цена по метар квадратен станбена површина, зборувам за градежна не за продажна, изнесува од 370 па се до 450 евра за квадратен метар, но сепак тоа е условено и од типот на градбата. На пример не е исто градба на колективна станбена зграда која е на 5 ката и зграда на 15 ката, а има разлика и во квалитетот на вградениот материјал. Доколку станува збор за луксузни станови сигурно дека и цената ке биде повисока . Кога на оваа цена ќе се додаде пазарната цена на земјиштето, комуналиите како и останатите трошоци, цената просечно би требала да се движи во рамките на цените кои ние како Акционерско друштво ги нудиме“, вели Грозданов во интервјуто. Во однос на идните трендови на цените на становите, Грозданов вели дека тие допрва ќе поевтинуваат. „Во иднина се очекува продажните цени да забележат пад од 10 до 15 проценти од оние кои ги има денеска на пазарот. Доколку се гасифицираат фабриките кои произведуваат градежни материјали, или превозот биде на метан и ако на пример се користат  други ефтини енергенси  треба да се очекува пад и на цените на градежните материјали“, вели тој. И во Кварталниот извештај на Народната банка на Македонија за јули беше посочено дека цените на становите имаат надолна тенденција, додека расте нивната понудата на станови. „Индексот на цените на становите бележи забавен пад од 0,5% на квартална основа, која што придонесе за мало забавување на годишна основа (пад од 4,7%, наспроти падот од 5,5% во првиот квартал на 2013)“, се наведува во документот на централната банка. Во услови на пораст на трошоците за градба од 2011 година, негативните придвижувања кај вредноста на станбените единици можат да се објаснат со повисоката понуда на пазарот на недвижности“ пишува во последниот извештајот на НБРМ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите