Добивај вести на Viber
Проблемите со имигрантите кои пристигнуваат во Грција продолжуваат да се шират и земјата веќе инсистира на поголема соработка во земјите од ЕУ во оваа студија на случај, пренесува Ројтерс. Портпаролот на грчката влада Олга Геровасили посочи дека решението на проблемот не е изградба на огради, ниту враќањето на бродовите со кои пристигнуваат бегалците.
Потсетуваме дека претходно оваа недела Унгарија почна да гради огради на границата во обид да се запре приливот на имигранти во земјата.
Само минатата недела во Грција влегле нови 21 илјади лица баратели на азил. Голем дел од нив не планираат да останат во земјата која е западната во тешка економска криза, а ќе продолжат кон богатите европски држави на север.
Сепак ситуацијата кај нашиот јужниот сосед е алармантна. Од почетокот на годината над 160 илјади лица побарале азил во Грција. Голем дел од бегалците се од Сирија и нивните документи се обработуваат со приоритет, бидејќи бегаат од воен конфликт. Ова сепак предизвикува тензии меѓу останатите имигранти, пишуваат грчките медиуми.
Главно бегалците се насочуваат кон островите, блиски со границата на Турција. За да се намали притисокот, Владата веќе испраќа фериботи за да превезе дел од имигрантите во други делови на земјата. Утрово - брод, натоварен со над 2 илјади имигранти, тргна од Кос кон Солун, јави грчкото издание "Катимерини".
Грција ги нема потребните финансиски средства и инфраструктура, за да се справи со проблемот со бегалците, коментира уште Геровасили.
Во почетокот на август ЕК одобри 2,4 милијарди евра, кои ќе бидат распределени до 2020 година, за финансирање на активности како изградба на заштитна опрема, подобрување на капацитетот на инспекциските органи и интеграција на бегалците во земјите погодени од кризата. Грција ќе добие 473 милиони евра од овој пакет.
За Бугарија предвидените средства се 72 милиони евра.