Грција блокирана од штрајкови за денот на гласањето на договорот
Објавено во: Балкан 15 Јули, 2015 11:30
Државните службеници во Грција денеска почнуваат национален штрајк поради планираното за вечерва гласање во парламентот на законот за реформи и мерки за штедење неопходни за склучување на договор со меѓународните кредитори.
Штрајкот ќе продолжи 24 часа. Најголемиот синдикат на грчките државни службеници ги повика работниците да излезат на улица. Предвидено е тие да се соберат на централниот атински плоштад „Синтагма“ во 19:30 часот. Демонстрациите ќе се одржат под мотото „борба до конечна победа“ и „не на мерките за штедење“.
Протестна акција се одржува денеска и во атинскиот национален универзитет на Каподистриа, протестираат и вработените на државните болници кои ќе ги преземат пациентите само во итни случаи.
Штрајковите ќе го опфатат и јавниот транспорт, кој ќе се движи со посебен распоред. Метрото не работи во шпицот на утринскиот сообраќај помеѓу 5 и 9 наутро. Цел ден ќе бидат запрени меѓуградски возови. Штрајкуваат и фармацевтите, и вработените во ресторани и кафулиња.
Грчкиот парламент ќе го разгледа денеска законот „Итни мерки за преговарање и склучување на договор со Европскиот механизам за стабилност (ESM)“. Неговото усвојување е услов за обезбедување на ликвидноста на грчките банки и старт на новата алатка за заздравување на економијата.
Предлог-законот беше поднесен во согласност со одлуките на самитот на Еврозоната од 12 јули. Договорот предвидува против доделениот износ од 86 милијарди евра Грција треба да преземе многу тешки и непопуларни реформи. Меѓу нив е зголемување на ДДВ на стоки и услуги, даноците на приход, зголемување на кривичните санкции за даночно затајување, зголемување на данокот за луксуз, т.н. данок солидарност, воведувањето на привремен данок на приход над 500 милиони евра, данок на доход од телевизиски реклами, работа во неделниот ден ...
Предлог-законот беше изготвен во атмосфера на остри критики во општеството. Зголемувањето на ДДВ ќе доведе до повисоки цени на храната и горивата, на различни услуги. Освен тоа претстои уште намалување на платите и пензиите.
Во владејачката партија „СИРИЗА“ околу 30 пратеници го изјавиле своето несогласување со документот. Во пресрет на политичкиот секретаријат на „СИРИЗА“ разговаралe за ситуацијата во партијата, но по средбата само беше соопштено дека партијата треба да биде обединета.
Во меѓувреме, во вторникот премиерот Алексис Ципрас имал средба за „reformatting“ на владата и промена на бројот на министрите. Нивните позиции можат да бидат доделени на експерти надвор од партијата. Објавувањето на одлуките за оставките се очекуваше доцна во вторникот, но можно е тие да бидат објавени по гласањето во парламентот.
Во интервју за грчката телевизија „ЕРТ“ Ципрас изјавил дека нема да поднесе оставка, иако бил принуден да стави уште мерки за штедење. Тој ја презеде одговорноста за постигнатиот договор за третиот спасувачки план, кој го критикуваше, но посочил дека тоа е најдобро што можеше да го добие Грција. „Потпишав договор во кој не верувам, но имам желба да ставам крај и ќе преземам одговорности“, изјавил Ципрас, истакнувајќи дека така ќе биде избегната катастрофата за Грција.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




