Грција децидна не ги прифаќа условите на кредиторите
Објавено во: Балкан, Економија 04 Јуни, 2015 20:50
Грчката влада нема да ги прифати предлозите од меѓународните кредитори како проект за договор, изјавил премиерот Алексис Ципрас на средба со министерот за финансии Јанис Варуфакис и други министри.
„Последните предлози на кредиторите нема да бидат прифатени. Нашите партнери треба да се разберат дека во последните пет години грчкиот народ страда и некој треба да стави крај на игрите за сметка на грчкото население“, изјавил Ципрас.
Според Ројтерс меѓународните кредитори побарале властите во Атина да се фокусираат на приватизацијата на државниот имот, да ги намалат пензиите и да продолжат со реформите на пазарот на трудот.
Ако Грција го прифати овој план, кредиторите ќе им одобрат 10,9 милијарди евра од неискористените средства за спасување на банките, кои беа вратени во Европскиот фонд за финансиска стабилност. На овој начин Владата на Ципрас ќе ги покрие финансиските потреби во јули и август.
ЕУ и ММФ сакаат од Атина да ги намали трошоците за пензиите и да вети законодавни реформи. Кредиторите сакаат владата да собере 1,8 милијарди евра, со што ќе го зголеми ДДВ за одредена група на стоки, вклучувајќи лекови до 11%, а за струјата - до 24%.
Договорот подразбира отстранување на социјалното плаќање кон пензионерите со ниски приходи, познато како „EKAS“ со што ќе заштедат уште 800 милиони евра до 2016 година.
Утре се очекува Алексис Ципрас да го информира парламентот за состојбата на критичните преговори со меѓународните кредитори.
„Во парламентот ќе се одржи дебата на иницијатива на премиерот“, изјавил изворот од кабинетот на Ципрас. Втор неименуван извор објави дека нема да има гласање.
Ципрас најверојатно ќе одржи нови разговори со шефот на ЕК Жан-Клод Јункер и кредиторите наредната недела, соопшти близок извор до преговорите, истакнувајќи дека разговорите ќе бидат долги и тешки. Друг извор исто така, потврди дека „средбата најверојатно ќе се одржи утре“.
Во новиот круг преговори најверојатно ќе се вклучат истите учесници - Ципрас, Јункер и шефот на Еврогрупата Јерун Деиселблум. Претставниците на ММФ и ЕЦБ биле отсутни на вчерашната средба со што Јункер објасни дека „е по нивен избор“.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата




