Грција ги брка туристите?
Објавено во: Балкан 13 Март, 2013 12:44
Политичарите во Атина речиси успеаја во невозможната мисија, да ги одвратат туристите. Земјата на митови и легенди денес е се само не идеално место за одмор.
На грчките политичари им успеа речиси невозможното, со своето експертско делување да ги уништат божјите дарови во вид на географска положба, климатски услови, природни убавини, пребогато наследство, филоксенија, кои со векови се врзуваат за Грција.
Со современ речник кажано, темелно се разградува сето она што ја прави основата на врвен туристички бизнис!
Како е можно политиката да го направи туризмот заложник и еден од најзначајните ресурси на државниот буџет да го доведе на работ на пропаст?
Податокот дека дури последната влада на Антонис Самарас го издвои туристичкиот ресор во посебно министерство, прилично го отсликува односот кон туристичкото стопанство. Пред тоа секторот од кој се очекуваат околу 20 отсто приходи во БДП, заедно со спортот беше во рамки на Министерството за култура.
Во глобалниот свет секоја година околу милијарда туристи внимателно избираат каде ќе летуваат. Но, на грчките политичари тоа не им е доволно. Тие речиси успеаја да остварат невозможна мисија, својата прекрасна земја да ја оддалечат од очите на потенцијалните посетители.
Со здружени сили власта и опозицијата веќе пет години на светот испраќаат порака - не доаѓајте во презадолжената земја на незадоволни граѓани, кои постојано штрајкуваат, блокираат патишта, пристаништа и аеродроми, во која терористи повремено поставуваат бомби по шопинг центрите.
Не само што е пропуштена шансата да се наплати промоцијата на земјата во текот на Олимписките игри во 2004 година, туку секоја година акцент се става на проневери во Грчката туристичка организација, со стотици милиони евра во фантомски прогандни и пи-ар компании, неосновано скапи саемски презентации, државен туризам на функционери, кои патуваа по светот, наводно промовирајќи ја земјата на митови и легенди.
Опозицијата исто така даде свој придонес. Сириза ја форсираше политичката на економската нестабилност, буткајќи ги синдикатите во постојани и исцрпувачки штрајкови. Комунистичката партија на тоа додаваше вжештена реторика, па секој протест се претвораше во боиште. Масовни тепачки со полицијата, каменување, молотови коктели, бомби, уништување на градското јадро заштитено со закон, е повеќе од атрактивна содржина за сите странски агенции, но не е слика на идеално место за одмор.
Покрај тоа што е најголем светски должник, Грција во свеста на туристите се регистрира како земја каде во полн ек на сезоната се блокираат аеродромите, бродовите се оставаат во пристаништата, бидејќи бродскиот персонал не добил плата, фармерите со трактори го блокираат сообраќајот на главните патни правци, понекаде експлодираат бомби...
Приходот од туризмот, како и бројот на посетителите, секоја година по 2006 е во опаѓање. Само во Атина се затворени десетици хотели, а последните шест години туристичкиот приход секоја година паѓа за 30 отсто.
Од оценетите 20 милијарди евра приход по Олимписките игри, последните четири години заработката се движи од 10 до 12 милијарди евра, со тенденција на опаѓање.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





