Грција ги доби првите средства од новиот кредит и оди на избори
Објавено во: Балкан 23 Август, 2015 20:03
На денот кога Грција ја доби првата транша од штотуку договорениот кредит од 86 милијарди евра, грчкиот премиер Алексис Ципрас поднесе оставка и свика нови избори во септември, а дел од неговата „СИРИЗА“ се отцепи. Ципрас ја објави во петокот одлуката дека поднесува оставка на владата, откако една недела порано дел од пратениците на „СИРИЗА“ гласаа против новиот закон, за одобрување на кредитниот меморандум. Тоа значеше практично губење на парламентарното мнозинство за владејачката коалиција.
Расцеп
„Не го добивме меморандумот кој го сакавме пред изборите во јануари, но се боревме до крај“, изјавил Ципрас пред локалните медиуми. „Сега оставаме се на проценката на луѓето да одлучат дали сме се справиле добро и да ги бројат сите наши победи и загуби“, дополнил Ципрас.
По устав претседателот Прокопис Павлопулос врачи мандат за формирање влада на следните парламентарни сили, но не се очекува тие да се справат. Затоа изгледа малку веројатно да бидат избегнати нови предвремени избори, за кои владејачката партија навести дека може да се одржат на 20 септември.
Дотогаш службен премиер на земјата ќе биде претседателот на врховниот суд Василико Тану-Христофилу.
Повторно во петокот пред 25 пратеници од „СИРИЗА“, предводена од лидерот на екстремната левица во партијата и поранешен министер за енергетика Панајотис Лафазанис, се отцепија и направија нова партија. „Национално единство“ кое ќе се бори против новиот кредит.
„Земјата не може да зема нови кредити, изјавил поранешниот министер на прес-конференција. Или ние ќе ставиме крај на кредитите, или тие на Грција“. За еден ден на новата партија се приклучија уште четворица пратеници на „СИРИЗА“.
Повисок рејтинг, но ризиците остануваат
Во исто време Грција ги доби од Европскиот стабилизацонен механизам првите 13 милијарди евра за новиот кредит. Уште 10 милијарди евра од оваа транша ќе бидат префрлени на посебна сметка за рекапитализација на грчките банки. Овие пари и дозволија на земјата да ги згасне обврските од 3,2 милијарди евра кон Европската централна банка.
Ден пред да потечат спасувачките пари за буџетот кон Атина , рејтинг агенцијата „Fitch“ го зголеми за еден степен кредитниот рејтинг на Грција од ССС на СС. Според агенцијата договорот за кредитот „го намали ризикот Грција да банкротира по обврските на приватниот сектор“. Сепак агенцијата смета дека продолжува да има „висок ризик“ од успешното спроведување на програмата.
Сепак аналитичарите не сметаат дека предвремените избори може да стават ризик на обврските на земјата по новата програма. Главниот економист на научниот институт „Centre for European Reform“ Кристијан Јодендал изјавил за „Newsweek“ дека Ципрас го избрал вистинскиот момент за предвремени избори имајќи ја предвид слабоста на неговите противници, кои не можат да поднесат долгорочна алтернатива. Јодендал смета дека се соочува со неизбежноста на новите избори, Ципрас не треба да губи време, бидејќи допрва ќе почне да се чувствува ефектот од зголемувањето на даноците, што грчкиот парламент ги гласаше пред една недела.
„На хоризонтот нема алтернатива и Ципрас останува најпопуларниот политичар без конкуренција, вели Јодендал. Токму сега е неговата шанса“.
Со истото мислење е и Акис Георгакелос, управен директор на компанијата за комуникациски стратегии „Stratego“. За „Washington Post“ тој потсетува дека иако отцепувањето на крајната левица од „СИРИЗА“ и иако на референдумот во јули 61.30% од Грците гласаа против нов кредит, владејачката партија продолжува да ужива најголема популарност. Тоа му дава основа на Ципрас да верува дека ќе биде првата сила по изборите и ќе добие бонус од 50 пратеници. Во исто време дури и неговите противници да се обединат за гласовите, за да го добијат, по закон, како коалиција, нема да добијат бонус од 50 места.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




