29 Септември, 2024
1.7931

Грција ги истроши парите, бара предвремен дел од европската парична помош!

Објавено во: Анализа, Балкан 08 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Грција сака предвремено да добие дел од европската парична помош. Премиерот Ципрас очигледно е замолил за ова во телефонски разговор со Јункер. ЕУ сепак се двоуми, иако на Атина нејзиното завршуваат парите, пишува Дојче Веле Бугарија.

„Не знаеме точно каква е финансиската состојба во Грција и дали таа во моментов доживува остри проблеми на ликвидност”, изјави висок европски претставник во Брисел. Поради оваа причина на средбата на министрите за финансии од еврозоната, која ќе се одржи во понеделник (09.03.2015) во Брисел јавно нема да се дискутира за сегашните платежни тешкотии на Грција. И тоа независно од фактот што грчкиот премиер Ципрас деновиве очигледно го замолил за помош во телефонски разговор претседателот на Евопската комисија Жан-Клод Јункер, за што пишуваа “Зидојче Цајтунг” и грчкиот весник “Катимерини”. Молбата на Ципрас била министрите за финансии на еврозоната да доделат нови парична помош на Грција порано од предвиденото, а самиот Ципрас сакал да го претстави својот план за реформи уште во петокот – предлог кој бил одбиен од Јункер.

Ќе помине “уште многу време”, додека се дојде до исплата на средствата одобрени од неодамна обновената среднорочна програма за Грција, потврди висок европски службеник во Брисел. Европските институции допрва ќе проверуваат за финансиското влијание на дадените од Атина предлози за реформи. Ако поранешната “Тројка” даде зелено светло за нив, ќе треба тие да бидат одобрени од министрите за финансии на еврозоната, како и од националните парламенти.

„Телефонските линии прегреаа“

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во меѓувреме испратил писмо со шест конкретни предлози за реформи до претседателот на Еврогрупата, холандскиот министер за финансии Јерун ДеЈселблум. Содржината на писмото сепак ќе се проверува од експертите на ЕК, ЕЦБ и ММФ. Варуфакис смета дека ќе ги претстави шесте предлози уште овој понеделник / 09.03. / На своите колеги од Еврогрупата. Од Брисел беше речено дека од оваа средба не може да се очекува непосредно решение за исплата на парична помош за Грција. Токму таква сепак била желбата на Ципрас, изразена во телефонскиот разговор со Јункер.

Шефот на еврогрупата Јерун Деселблум изјавил за “Фајненшал тајмс” пред неколку дена дека е можно да дојде до предвремени исплати за Грција, ако владата во Атина исполни одредени услови. “Оттогаш наваму телефонските линии ПРЕГРЕАЈА”, признава еден еврослужбеник од Брисел.

Според информациите на “Катимерини”, грчкиот министер за финансии Варуфакис ќе претстави во понеделникот план за реформи во јавната администрација, мерки за подобрување на наплатата на даноците, како и за зголемување на социјалните бенефиции. Варуфакис смета освен тоа да создаде нов “Финансиска совет”, како и новата служба за даночна контрола. Во телевизиско интервју тој вети дека до крајот на март Грција ќе ги исполни своите финансиски обврски пред доверителите. Што ќе се случи во април, сепак, останува нејасно. Службеници на ЕУ во Брисел сугерираат дека Грција практично може да остане несолвентна за следните неколку недели. Во таков случај грчката држава ќе биде принудена да зема позајмени пари од пензиските каси и од други социјални фондови, за да остане ликвидна. Според извештаите на грчките медиуми владата во Атина не успеала да ги исплати сите плати и плати, кои биле на достасување во текот на неделата.4

Единствениот извор на пари

ЕЦБ во моментов е единствениот извор на свежи пари за Грција. Банката го зголеми обемот на итните кредити во помош на грчките банки со дополнителни 500 милиони евра. Така тие располагаат со околу 3 милијарди евра како резервна ликвидност. Во текот на неделата, грчката влада продаде краткорочни државни обврзници (T-bills) во вредност од 1, 3 милијарди евра. Три четвртини од овие обврзници беа купени од грчки банки, кои за возврат зависат од помошта на ЕЦБ. По седницата на Централниот банкарски совет на ЕЦБ, претседателот Марио Драги изјави дека Банката и помогнала на Грција во последните месеци со вкупно 100 милијарди евра, што практично ја правело Централна банка и на Грција.

“Финансиската криза ќе го задуши економскиот раст во Грција”, изјави грчкиот пратеник од опозициската партија “Потами” Харис Теохарис пред агенција “Блумберг”. Според него се ставиле сопирачки на сите инвестициски проекти, затоа морале да се почекаат резултатите од преговорите со ЕУ.

Банкротот – неизбежен?

Претседателот на ЕК Јункер пред тоа отфрли некои обвинувања од Атина дека постоел заговор против леворадикалната грчка влада. На прес-конференцијата во Мадрид Јункер рече дека нема никаков “пеколен план” на конзервативните влади во Португалија и Шпанија, со цел да се урне грчката влада. Премиерот Ципрас изрази сомневање дека конзервативците во овие две земји се обидуваат да ја донесат земјата до финансиски крах. Грчкиот министер за финансии Варуфакис сепак очигтој изјави: “Јас сум министерот за финансии на една земја која е банкротирана”. Шефот на минхенскиот Институт за економски истражувања IFO, Ханс-Вернер Зин очигледно ја дели оваа анализа на Варуфакис. И Зин смета дека Грција банкротирала и се изјасни за излегувањето од еврозоната.