Грција ги крати буџетските расходи со 3,3 милијарди евра
Објавено во: Балкан, Економија 16 Август, 2016 20:22
Грчкото Министерство за финансии објави буџетски суфицит од 3,57 милијарди евра кон крајот на јули, што ги надминува поставените цели со 874 милиони евра. За истиот период минатата година, земјата имаше вишок во износ од 3,71 милијарди евра.
Приходите во буџетот се со 621 милиони евра, или 2,2 процентни поени, под поставените цели. Во првите седум месеци од годината во грчката каса влегле 28,09 милијарди евра. Приходите во буџетот во јули исто така се разминуваат со очекувањата - приходите се во износ од 5,03 милијарди евра, што е за 755 милиони евра помалку од предвиденото.
Од Министерството за финансии прецизираат дека буџетскиот вишок главно се должи на намалувањето на трошоците - со речиси 3,3 милијарди евра, пренесоа локални грчки медиуми. Дополнителни 390 милиони евра сепак се наменети за болниците, како и 162 милиони евра субвенции за земјоделството.
Владата одвои и дополнително 122 милиони евра итна финансиска помош за справување со хуманитарни кризи.
За првото полугодие Грција забележа примарен буџетски суфицит од 2,47 милијарди евра, а очекувањата беа за дефицит од 1,03 милијарди евра. Приходите ги надминуваат очекувањата за 3,9% до 22,9 милијарди евра.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




