20 Декември, 2025
0.0378

Грција ги уверува туристите дека банкарската блокада нема да ги засегне

Објавено во: Балкан, Економија 30 Јуни, 2015 10:00

Добивај вести на Viber

Властите во Грција побрзаа од почетокот на неделава да го заштитат туризмот - едно од ретките ветувачки места во економијата - и ги уверија туристите дека одморот нема да им биде засегнат од банкарските ограничувања.

Ограничувањето за влечење од банкомат на 60 евра на ден важи за грчките банкарски картички, но не и за оние од други земји.

Некои како 22 годишната Американка Џејми Бојацис, велат дека не знаат многу што се случува, но и не се срамат особено дека нешто може да влијае и да им пропадне одморот.

Големите германски туроператори велат дека засега не регистрираат проблеми. Локалните хотелиери објаснуваат дека е премногу рано да се почувствува некаков ефект меѓу гостите.

Некои компании во Грција се пожалија дека нема да можат да ги исплатат платите или давачките и се принудени да престанат со увозот. Туристичкото Министерство рече дека не очекува гостите на земјата да трпат - ниту на островите, ниту на континентот, бидејќи има доволно гориво, производи и услуги.

Јанис Рецос, шеф на Здружението на хотелиери од Атина, вели дека откако се изнесоа што точно ќе бидат мерките посетителите нема да настрадаат од контролата на капиталот. Во моментов се си оди, како и досега, додава тој.

Од германскиот оператор TUI рекоа во понеделникот дека не се погодени и дека Грција останува една од најпопуларните дестинации. "За нашите клиенти кризата не е проблем", рече портпаролот на компанијата.

Британската "Томас Кук" препорачува патниците да земат повеќе евра и тоа во ситни банкноти, но истакнува дека Грција останува "многу вредна". "Изглегувањето на Грција од еврозоната би имало мал ефект врз туристите кои веќе направиле резервации кај нас, бидејќи сите припејд услуги се обезбедени што се однесуав до " Томас Кук ", се вели во пораката.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација