20 Декември, 2025
0.0771

Грција го одобри договорот, Ципрас не жали за “компромисот со доверителите”

Објавено во: Балкан 14 Август, 2015 09:42

Добивај вести на Viber

Грчкиот парламент ja одобри третата спасувачка програма по цела ноќ на дебати, соопшти АФП.

Пред гласањето грчкиот премиер Алексис Ципрас ги повика пратениците да го поддржат договорот со доверителите и изјави дека неговиот кабинет го спроведува договореното постигнато на самитот на еврозоната на 12 јули.

Ципрас, истакнал дека "не жали што се борел за правата на луѓето и го избрал компромисот со доверителите".

Масовни протести во Атина против договорот за нов план за спас за Грција

Премиерот се фокусира на новиот грчки приватизационен фонд, кој ќе биде базиран не во Луксембург, како што првично сакаа доверителите, а во Атина. Дел од средствата ќе одат за рекапитализација на банките и за економскиот развој, истакна Ципрас.

Според шефот на владата "неколку часа подоцна министерот за финансии на Грција Евклидис Цакалотос ќе води нова битка на седницата на Еврогрупата, бидејќи германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ќе претстави неразумни барања за чекор назад од веќе постигнатите договори". "Ако тоа не се случи, тоа нема да биде пораз за Грција, ќе биде пораз за цела Европа", изјави Ципрас.

Грција и кредиторите се разбраа

"Мостово финансирање ќе ја врати земјата кон бескрајна криза. Ние носиме национална одговорност да се спротивставиме на ваквиот развој", истакна премиерот. Претходно грчкиот министер за финансии Цакалотос изјави пред пратениците дека е должен да оди на седницата на Еврогрупата со ратификуван договор и одобрени реформи, што беше предуслов на доверителите за доделување на помош. Грција се стреми да склучи договор со доверителите за целосен кредит во рамките на договорот, а не привремени мостови финансирања кои не гарантираат долгорочен ресурс за земјата. Според последните изјави од Берлин, станува јасно дека Германија е скептична кон обезбедување на сеопфатна помош од 85 милијарди евра, бидејќи смета дека се потребни уште дискусии. А еврозоната не располага со време, бидејќи до 20 август Грција треба да ги плати своите обврски кон ЕЦБ.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација