Грција и кредиторите повторно на крстопат
Објавено во: Балкан, Економија 08 Јуни, 2015 11:07
Грчкиот премиер не присуствува на преговарачката маса на самитот на Г7 во Германија, но и покрај тоа е во устите на многумина. Нерешената должничка криза се одразува негативно на средбата на најмоќните индустриски нации во светот во Палатата Елмау. До кој степен е така, стана јасно уште во почетокот на вистинската средба.
Жан-Клод Јункер свика прес-конференција во палатата во неделата наутро. До овој момент претседателот на Европската Комисија беше оној кој покажуваше најголемо разбирање кон грчкиот премиер Ципрас. Но сега се чини дека дури и Јункер почнува да го губи трпението. Луксембуршките политичари изгледаат нервозни, а деловите од нивните белешки потсетуваат на лут говор. Ципрас очигледно е отуѓен можеби и од најважниот адвокат во Брисел.
Но има зошто Јункер да е лут. Очајно кредиторите бараа решение минатата недела во драмата со грчкиот долг. Ако кредиторите не ја платат последната транша од помошта до крајот на јуни, Грција е сериозно загрозена од паѓање во банкрот - со непредвидливи последици за земјата и за Европа. Но останатите 7,2 милијарди евра ќе бидат исплатени на Атина само кога Грција ќе се обврзе со нова програма за реформи. Од друга страна, Владата во Атина не е подготвена да прифати таков предлог на кредиторите.
До средината на неделата кредиторите се надеваа на постигнување на договор со Грција. Јункер му го претставил во средата на Ципрас во Брисел компромисниот документ од пет страници со економски мерки кои вклучуваат зголемување на ДДВ и намалување на платите и пензиите на државните службеници. Ципрас не бил многу ентузијастички расположен. Но и двете земји се поделени во предлозите и намерата пред саботата да се состанат повторно. Сепак не се дојде до таков состанок. Ципрас го отфрлил компромисниот предлог на кредиторите, и во петокот пред грчкиот парламент го нарекол „апсурден“. Ципрас го утврдил предлогот како „несовесен“ и изјавил дека Атина не може да го прифати.
Доцна во неделата претседателот на ЕК изјавил дека кредиторите на Грција не и ставиле ултиматум на предлогот со почетокот на минатата недела. Јункер дал изјава пред самитот на Г-7 во Германија, откако грчкиот премиер Алексис Ципрас, во петокот изјавил дека предлозите на кредиторите за договор за долгот на Грција се „непријатно изненадување“.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата




