16 Мај, 2024
0.0428

Грција им помага со упатства на илегалните мигранти да влезат во Македонија

Објавено во: Балкан 15 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Грчките власти, со помош на вработените од невладини организации, им делеле флаери со упатства како да ги нарушат соседните граници и да влегуваат во Македонија.

Меѓу мигрантите кои вчера (14 март) упаднаа на македонска земја, беа откриени флаери на арапски јазик. На нив има и шема како да ја нарушат државната граница и да влезат на македонска територија. На летокот има карта на која се наведени патеките и начините на кои треба да се движат мигрантите. На нив е испишано и времето на поаѓање од Идомени (Сухово), кампот, кој се наоѓа недалеку од македонската граница.

Вчера попладне, според различни извори од Грција во Република Македонија илегално влегоа помеѓу 500 и 1000 мигранти. При преминувањето на Сува Река тие беа потпомогнати од службеници на невладини организации, кои прицврстиле и јаже за да можат да ја преминат реката.

Тројца од нив сепак се удавија. Мигрантите кои успеаја да ја преминат границата беа пречекани од армијата и полицијата во Гевгелиско село Моин.

На македонските полицајци им помагаа и полицајци од земјите кои испратија свои претставници во Република Македонија за да помогнат против илегалната миграција.

Македонските власти предупредија дека „сите илегални мигранти ќе бидат вратени назад таму каде што дошле“.

На еден од флаерите се наоѓало и името на поранешниот германски министер - 80-годишниот Норман Блум. Неколку дена тој е во кампот Идомени  (Сухово) и тврди дека е таму од хумани причини.

Во изминатата 2015 година од Грција во Република Македонија пристигнаа над 750 000 мигранти. Сите тие беа транспортирани со автобуси или возови до пограничниот град Гевгелија. Од почетокот на оваа година до затворањето на „Балканскиот пат“ во почетокот на февруари од Грција во Македонија влегоа над 89 000 лица.

„Балканскиот пат“ официјално беше затворен за време на средбата на врвот ЕУ-Турција на 7-ми февруари.

Министерот за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-Лаитнер го поздрави Скопје за неговите напори во борбата против нелегалната миграција.

„Македонија до сега има направено повеќе за стабилноста на Европа, отколку некои земји-членки на ЕУ“, истакна Јохана Микл-Лаитнер.

Можеби ќе ве интересира

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години