Грција им постави ултиматум на кредиторите
Објавено во: Балкан, Економија 17 Јуни, 2015 12:51
Нема да има договор меѓу Грција и кредиторите, ако долгот на земјата не биде ослободен, и отсечено од грчкиот премиер Алексис Ципрас за време на седница на парламентарната група на СИРИЗА. Во тоа време најголемата опозициска партија „Нова демократија“ ја обвини владечката партија дека немаат за цел постигнување на договор, а имаат за цел излегување на Грција од еврозоната.
Ципрас постави уште два услови за постигнување на компромис - пензионерите и вработените да не бидат дополнително натоварени и обврзувачките услови на евентуален договор да бидат насочени само кон решавање на проблемот со финансирањето на Атина.
Ципрас изјавил дека европските кредитори селективно ги земаат предвид препораките на Меѓународниот монетарен фонд. Од една страна тие бараат фискални мерки, за кои инсистира Фондот, но од друга страна го игнорираат неговиот предлог за намалување на долгот.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




