Грција има намера да ги почитува сите договори со Европската унија
Објавено во: Балкан 28 Јули, 2015 11:08
Владата на Грција има намера целосно да ги почитува сите договори со Еврогрупата и самитот на еврозоната, изјавил министерот за финансии Евклидис Цакалотос по седницата на владиниот совет за економската политика.
„Ние разговаравме за различни организациски прашања. Денес започнаа првите дискусии (со кредиторите) на техничкото ниво, утре тие ќе продолжат многу поинтензивно“, изјавил Цакалотос за новинарите.
Според него, на советот се разгледувале и политички прашања.
„Ние ќе го почитуваме до последната буква и договорот со Еврогрупата, и договорот од самитот. Ние напредуваме организирано и се надеваме дека се ќе помине добро до крај“, изјавил Цакалотос.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




