Грција ја доби првата транша, дали Ципрас ќе поднесе оставка
Објавено во: Балкан 20 Август, 2015 10:00
Европскиот стабилизационен механизам (ЕСМ) и ја префрлил на Грција првата транша од 13 милијарди евра од меѓународната финансиска помош, соопшти прес-службата на Фондот, цитирана од агенциите.
Уште 10 милијарди од првата транша ќе бидат префрлени на посебна сметка за рекапитализација на грчките банки.
Други три милијарди од првата транша во вкупна вредност 26 милијарди евра ќе бидат доделени до октомври.
Од своја страна Атина вратила 3,4 милијарди евра долг кон Европската централна банка (ЕЦБ), чиј рок на достасување е денес, соопшти Франс прес, повикувајќи се на извор близок до владата.
Во меѓувреме, во самата Грција се посилно се коментира дека е можно денес премиерот Алексис Ципрас да поднесе оставка на кабинетот. Ова ќе значи дека и грчкиот парламент ќе биде распуштен веднаш и ќе се движи кон експресни предвремени избори.
Се очекува во текот на денот Ципрас да го посети претседателот на Грција, Павлопулос и да објави официјална оставка на владата. Во овој случај претседателот е должен да ја започне постапката на прелиминарни мандати, со што најверојатен датум за избори се споменува 20 септември, и не се исклучува и датумот 13 истиот месец.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




