Грција ќе ја зајакнува евакуацијата во Идомени во наредните денови
Објавено во: Балкан 23 Мај, 2016
Грција ќе ја зајакне евакуацијата на миграционите кампови во Идомени на границата со Македонија во вторник или среда, изјави извор од власта во Атина поради пораките за зголемена полициска операција.
„Ние ќе спроведеме широка операција за трансфер, бидејќи имаме на располагање 6000 места во центри за сместување“, рекол извор, според кого операцијата ќе биде во неколку фази и властите се надеваат таа да помине без употреба на сила.
„Ќе има полициско присуство и ние ќе бидеме упорни, но нема да употребиме сила за да ги натераме сите овие луѓе да го напуштат местото“, изјавил уште еден претставникот на власта, според кого во моментов во кампот во Идомени има околу 8400 лица.
Според друг извор од владата звучници се поставени во кампот и ги предупредуваат мигрантите да се подготвуваат за нивно заминување.
Најверојатно тие ќе бидат транспортирани до центри во близина на Солун, како и на други места во земјата.