Грција не може да ги прибере затаените даноци
Објавено во: Балкан 28 Февруари, 2013 13:02
Грција се уште не може да го намали фрапантниот долг, бидејки заостанува во прибирањето на ненаплатените даноци, наведуваат денешните весници во земјата, пренесува ДПА.
Овој набљудувачки механизам е во целосен хаос, со дел даночни инспектори кои немаат свој компјутер или дури и биро за работа, наведува весникот „Катимерини“.
Техничките експерти на тројката кредитори, ЕК, ЕЦБ и ММФ, заклучија дека Атина ќе обезбеди помалку пари од дополнителни даноци отколку што очекуваше и пресметаа ревизорите.
Атина во 2012 година во касата внесе само 1,1 милијарда евра од дополнителни даноци споредено со 1,9 милијарди евра колку што се надеваше дека ќе собере.
Помалата наплата во еден дел е предизвикана од многуте должници и банкроти или ликвидирани фирми, наведуваат медиумите.
Инспекторите наведуваат дека даночните агеници имаат многу малку персонал и вработени, а клучните агенции, како што се даночните канцеларии, на големо изненадување немаат ниту свои компјутери или бироа.
Грчката влада вчера почна кампања за прибирање на затаени даноци со закана за кривично гонење за секој еден обврзник кој прикрил повеќе од 5.000 евра неплатен данок.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





