19 Декември, 2025
0.0533

Грција оди кон самоубиство, но Ципрас не разбира

Објавено во: Балкан, Економија 16 Јуни, 2015 10:03

Добивај вести на Viber

Добрата вест е дека еден евентуален грчки банкрот, кој станува се повеќе веројатен, откако грчкиот премиер Алексис Ципрас провокативно ги отфрли последните предлози на кредиторите на Грција како „апсурдни“, веќе не претставува сериозна закана за остатокот од Европа. Лошата вест е дека Ципрас очигледно не го разбира тоа, пишува во анализа за „Project Syndicate“ Анатоли Калецки, главен економист во „Gavekal Dragonomics“ - компанија за управување со средства со седиште во Хонг Конг.

Ципрас изгледа цврсто убеден дека Европа и треба итно на Грција така, како Грција - од Европа. Во тоа се состои вистинската „апсурдност“ на тековните преговори, а погрешната проценка на грчкиот премиер за неговата можност за договарање сега се заканува ја доведе до катастрофа земјата или понижување за СИРИЗА.

Најверојатно Ципрас ќе се откаже од своите барања и ќе ги прифати поставените од „тројката“ на кредитори (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) услови пред крајот на јуни. Ако тој не го стори тоа, ЕЦБ ќе стави крај на својата поддршка за грчкиот банкарски систем, а владата ќе заврши со парите со кои треба да го подмират надворешниот долг, но, уште повеќе е драматично, со кои да исплаќа платите и пензиите на грчките граѓани. Отсечена од сите надворешни извори на финансирање, Грција ќе стане економски безстопанствено, нешто како „Аргентина на Европа“, а СИРИЗА најверојатно ќе биде отстранета од власт поради јавен притисок.

Ваквиот развој би бил уште по трагичен, бидејќи економската анализа, кој е во основата на инсистирање на СИРИЗА за олеснување на програмата за штедење, како целина е правилен. Сепак, наместо да се стреми силно кон реално ублажување на условите и слабеење на програмата на Тројката, Ципрас изгуби шест месеци во симболични престрелки по економски несоодветни теми како трудово законодавство, приватизацијата и дури именувања на Тројката.

Преку ова провокативно однесување Грција загуби потенцијални сојузници како Франција и Италија. Дури и полошо: изгубеното поради политичкото самоизразување време беше погубно за примарниот буџетски суфицит, што беше адут на Ципрас во раната фаза на преговорите.

Сега Ципрас верува дека држи во рацете друг адут: стравот на Европа од грчки банкрот. Но, тука станува збор за одржување на неговиот министер за финансии Јанис Варуфакис во илузија. Како професор по теорија на игрите Варуфакис се пофали неодамна во „New York Times“, дека „ако падне, малата Грција може да се сопне целиот финансиски свет“ и дека неговиот медиумски имиџ на „ирационален будала“ работи за него, со што ги плаши другите министри за финансии од ЕУ .

Очигледно Варуфакис верува дека неговото „длабоко разбирање на теоријата на игрите“ и обезбедува на Грција клучна предност во „сложената динамика на преговорите“. Всушност сепак одигра игра  во Европа која личи помалку на шах и повеќе на играта „морски шах“, која обично завршува со реми, но во која еден непромислен потег значи сигурен пораз.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен