25 Мај, 2024
0.0282

Грција побара помош од ЕК од страв да не биде исклучена од Шенген 

Објавено во: Балкан 04 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Грција побарала од Европската унија помош за јакнење на обезбедувањето на границите, како и за справување со приливот на мигранти во земјата земајќи ги предвид предупредувањaтa на нејзините партнери во ЕУ, дека може да биде исклучена од Шенген зоната.

Неколку часа пред европските министри за внатрешни работи да се состанат денес и да разговараат за мерките против неспособноста на Грција да се справи со мигрантите, владата во Атина се согласи да прифати европска помош, како и странски гранични чувари.

Иако претставниците на ЕУ ја негираа можноста Грција да биде исклучена од Шенген според дипломатите Атина е под сериозни тензии, бидејќи до петок таа треба да докаже дека може да соработува за прашањата со мигрантите.

Атина ги прифатила трите понуди - вработени на ЕУ да и помагаат на нејзината северна граница, странски гранични чувари да бидат распоредени на нејзините острови во Егејското Море, како и да прифати шатори и храна за помош на мигрантите.

Одлуката на Грција доаѓа откако претходно вчера нови судири помеѓу мигранти и бегалци на нејзината граница со Македонија оставија двајца повредени. Во моментов македонските власти им дозволуваат единствено на бегалците од Сирија, Авганистан и Ирак да ја преминуваат границата од Грција и да продолжат кон ЕУ. Ова доведе до протести на мигрантите од други земји, кои се блокирани од грчката страна на границата со Македонија кај преминот Идомени од минатата среда наваму.

Вчерашните судири избиле помеѓу две групи - мигранти од Иран и Пакистан од една страна и бегалци од Авганистан од друга. И двете страни се гаѓале со камења.

Претходно маж, за кој се претпоставува дека е марокански државјанин, починал како последица на струен удар, откако се допрел со високоволтен железнички кабел во обидот да се качи на товарен воз.

Европската комисија (ЕК) соопшти дека Атина официјално исто така активирала две програми за помош. Едната е Европскиот механизам за цивилна заштита, којa е создадена за справување со природни катастрофи како поплави и земјотреси. Таа ќе обезбеди шатори, генератори и друга опрема за сместувањето на мигрантите во зима.

Во исто време по грчките острови „Фронтекс“ ќе организира Тим за брза гранична интервенција (RaBIT), во рамките на кој земјите од ЕУ ќе треба да ги зајакнат граничните службеници на Грција. Ова е втор пат, во кој овој механизам се користи. Пред тоа Атина ги има користено во текот на зимата на 2010 година - 2011 година, кога повторно имаше наплив на луѓе, минувајќи ја нејзината копнена граница со Турција.

Претходно весникoт „Financial Times“ објави дека за време на министерскиот состанок на ЕУ во петокот во Брисел е можно да биде донесена одлука за укинување на Шенгенскиот договор. Ако овој предлог биде прифатен, ЕК ќе може да затвори една или неколку надворешни граници за период од две години. Тоа практично ќе значи воведување на гранична контрола слична на онаа којa беше воведенa уште во крајот на летото од Германија и Австрија. Министерската средба во Брисел доаѓа по повторените предупредувања кон властите во Грција и повиците на Атина да го преиспита својот став во однос на мигрантите и да побара помош. Во спротивно ќе се соочи со исклучување од Шенген, пишува уште весникот.

„Financial Times“ прецизира дека оваа мерка може да влијае на уште една држава. Предлогот за укинување на Шенгенскиот договор е поднесен од Луксембург.

Можеби ќе ве интересира

„ЌЕ ИМАМЕ СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ, А СО НИВ И ТОРНАДА“: Директорот на српската УХМР објасни какви катастрофи можат да бидат погубни во Србија

„ЌЕ ИМАМЕ СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ, А СО НИВ И ТОРНАДА“: Директорот на српската УХМР објасни какви катастрофи можат да бидат погубни во Србија

Стотици луѓе спијат пред Острог поради оваа чудесна причина: Верниците опишуваат неверојатни искуства од посетата на овој манастир

Стотици луѓе спијат пред Острог поради оваа чудесна причина: Верниците опишуваат неверојатни искуства од посетата на овој манастир

„176 ТЕЛА ПАЃАА ОД НЕБОТО КАКО ДОЖД“: Два авиони во лет се судрија над Загреб, ова никогаш не се заборава

„176 ТЕЛА ПАЃАА ОД НЕБОТО КАКО ДОЖД“: Два авиони во лет се судрија над Загреб, ова никогаш не се заборава

БУРЕКЏИИТЕ СЕ ПЛАТЕНИ ПОВЕЌЕ ОД ХИРУРЗИТЕ: Плата и 100.000 денари, а работници нема

БУРЕКЏИИТЕ СЕ ПЛАТЕНИ ПОВЕЌЕ ОД ХИРУРЗИТЕ: Плата и 100.000 денари, а работници нема

КАКО РАБОТНИЦИТЕ ВО ФАБРИКИТЕ НА СФРЈ НАВИСТИНА ЗЕМАА СТАНОВИ И КОЈ МАМЕШЕ: Еве што се случи со работниците, што се случи со менаџерите

КАКО РАБОТНИЦИТЕ ВО ФАБРИКИТЕ НА СФРЈ НАВИСТИНА ЗЕМАА СТАНОВИ И КОЈ МАМЕШЕ: Еве што се случи со работниците, што се случи со менаџерите

МАКЕДОНИЈА ГО РАЗОЧАРА ВУЧИЌ: За српскиот претседател Грција има повеќе 'рбет од нас

МАКЕДОНИЈА ГО РАЗОЧАРА ВУЧИЌ: За српскиот претседател Грција има повеќе 'рбет од нас

„ИЗМАМНИК СЕ ПРЕТСТАВУВА КАКО МАКЕДОНЕЦ И ГИ НАПАЃА ЛУЃЕТО ПО УЛИЦИТЕ ВО БЕЛГРАД“! „Бара помош и додека да трепнете ви зема 100 евра!“

„ИЗМАМНИК СЕ ПРЕТСТАВУВА КАКО МАКЕДОНЕЦ И ГИ НАПАЃА ЛУЃЕТО ПО УЛИЦИТЕ ВО БЕЛГРАД“! „Бара помош и додека да трепнете ви зема 100 евра!“

Косово го ратификуваше договорот со Македонија за тунелот Тетово - Призрен

Косово го ратификуваше договорот со Македонија за тунелот Тетово - Призрен

„Геноцидот во Сребреница“ поставен на официјалниот календар на ОН

„Геноцидот во Сребреница“ поставен на официјалниот календар на ОН