18 Декември, 2025
0.0519

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Силјановска Давкова се сретна со Папата, но средба со Радев немаше

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2024 21:00

Добивај вести на Viber

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГО ПОСЕТИ ПАПАТА

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја предводеше државно-црковната делегација во посета на Рим и Ватикан, по повод честувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

По средбата со Папата Франциск, новата претседателка за медиумите изјави дека нема да се сретне со претседателот на Бугарија, Румен Радев.

- Изразивме спремност, но нема да дојде до таа средба. Обете делегации имаме агенда, а рековме дека час поскоро во првиот момент таа ќе ја реализираме. Само што излегов од кај Папата, дознав дека средба нема да има. Но, останува спремноста да се видиме,порача таа.

Позитивен знак е желбата на претседателката за средба, очекуваме промена на реториката и крај на јазикот на омраза, вели бугарскиот претседател Румен Радев  во однос на Македонија. 

Претседателот објасни дека бугарската делегација не можела да се сретне со делегацијата на Република Северна Македонија, која престојува во Рим. Радев вели дека до минута времето било испланирано. 

МИЈАЛКОВ Е НА СЛОБОДА

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков е на слобода. Тој утринава излезе од затворот во Струга.

Тој доби предвремен прекин на затворската казна која му истекуваше догодина, под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело. Одлуката пред неколку дена ја донесе скопскиот Апелационен суд по решението за жалба на Мијалков на одлуката на Основен Кривичен суд Скопје.

ИЏЕТ МЕМЕТИ НЕ СМЕЕ ДА ЈА НАПУШТИ МАКЕДОНИЈА

По предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје денеска определи мерки за претпазливост за Иџет Мемети, второосомничен во истрагата поврзана со примање награда за противзаконито влијание во која е вклучен и врховниот судија, Наке Георгиев.

- Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост за И.М., второ осомничен во истрагата поврзана со Примање награда за против законито влијание за која веќе информираа од ОЈО. 

ОН ЈА УСВОИ РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА

Во Обединетите нации(ОН) денеска е усвоена резолуцијата за Сребреница, така што 84 држави гласаа „за“, 19 против и 68 беа воздржани. 

Меѓу земјите кои гласаа против беа Русија, Кина, Никарагва, Белорусија, Еритреа, Есватини и други. Меѓу воздржаните беше Грција. И Македонија гласала За. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Иселениците Митре и Софи Кутановски не и се непознати на македонската јавност, Тие се дел од проектот „Македонија 2025“, а ја поседуваат и фондацијата „Близнаков“, која доделува стипендии за студенти од земјава.

Арбериа-Десигн,компанијата на Хасим Хамзаи која е во бизнисот со учебници, печатење книги, канцелариски материјал, печатарски услуги, светлечки реклами и друго, и главно се финансира од договори за јавни набавки со институции раководени од ДУИ, се најде на второто место на компании со најголема остварена добивка во Тетово во 2022.

Два и пол милиони евра е сумата која словенечкото друштво НЛБ Склади ја плати за македонската „Генерали инвестментс“ со седиште во Скопје.

Во струмичкиот крај 30 до 40 отсто од зелката остана непродадена по нивите. Земјоделците сега ја уништуваат со цел да засадат други култури.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје