Грција под лупа на меѓународните кредитори, се чекаат нови 6 милијарди евра
Објавено во: Балкан 08 Февруари, 2013 10:59
Во Атина на 25 февруари треба да допатуваат претставниците на тројката меѓународни кредитори на Грција од Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.Тројката треба да и ја даде првата оценка годинава за исполнувањето на антикризната програма на грчката Влада.
Според весникот Вима, нејзиното одобрување треба да дозволи доделување на транша од 6 милијарди евра на Грција во второто тримесечје на 2013 година, од кои 4,2 милијарди од ЕУ и 1,8 милијарди од ММФ.
Раководителите на екипите на трите институции ќе останат во грчкиот главен град до крајот на март, до кога ќе треба да договорат продолжување на финансирањето на Грција.
Кон средината на декември Грција ги доби замрзнатите од минатото лето финансиски средства во висина од 34 милијарди евра. Овие средства се од вториот спасувачки пакет на земјата, за кои владата во Атина се обврза за забрзано реализирање на поставените услови од Тројката.
Во рамките на меѓународната спасувачка помош минатиот месец беше одобрена и финансиска инекција во вредност од 9,2 милијарди евра, а до март Грција треба да добие уште 14,8 милијарди евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





