05 Декември, 2025
0.2317

Грција полека излегува од кризата, невработеноста сеуште на високо ниво

Објавено во: Балкан 04 Март, 2013 12:15

Добивај вести на Viber

Бруталната рецесија која ја одведе Грција до работ на социјален распад, и се закани да ја истурка Атина надвор од еврозоната, конечно дојде до својот крај, но опоравувањето нема наскоро да ја олесни осакатувачката стапка на невработеност,вели во интервју за канадскиот весник „Глоуб енд мејл“, грчкиот министер за финансии, Јанис Стурнарас. Според Стурнарас растот ќе се врати барем во последната четвртина од годинава, и ќе продолжи во 2014, кога ќе им дојде крајот на строгите мерки за штедење кои високо ја покачија стапката на невработеност, и ја намалија куповната моќ на грчките семејства. „На годишна основа, годинава очекуваме позитиви знаци, но може да добиеме позитивен развој на настаните дури во последната четвртина од годинава“, рече тој. 56-годишниот Стурнарас е министер за финансии веќе шест месеци, и ги потенцира растечкиот бизнис оптимизам, крајот на туристичката суша, подобрената конкурентност и стабилните владини финансии за неговиот оптимизам. Владата во јануари успеа да создаде примарна позитива, а тоа е кога приходите ќе ги надминат трошоците, но само ако се откаже исплатата на каматите. Стурнарас рече дека досега се отпуштени над 300.000 административци, поголемиот дел од нив преку отпремнини, со што вкупната бројка достигна 650.000. Се очекува други 75.000 да бидат отпуштени до 2015, додека програмата за штедење го меле својот пат низ системот. Неговите предвидувања за економскиот пресврт за крајот на годинава не го делат некои економисти, па дури ни гувернерот на Банката на Грција, Џорџ Провопулос. Всушност, Провопулос не очекува пресврт во последната четвртина, и стравува дека спородвижечката програма на реформи во Грција ќе влијае врз најбавните опоравувања. Тој очекува раст некаде во 2014, ако се остварат опстојните економски реформи, како што се ослободување на пазарите и занаетите.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии