02 Мај, 2024
0.0289

Грција порано или подоцна мора да ја напушти еврозоната

Објавено во: Анализа 08 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Поранешниот претседател на американската Управа на федерални резерви Алан Гринспен денеска изјавил дека Грција порано или подоцна ќе мора да ја напушти еврозоната.

„Тоа е криза и не гледам дека може лесно да разреши. Всушност, не гледам дека ќе биде решена ако Грција не ја напушти еврозоната“, рекол Гринспен за Радио Би-Би-Си.

Гринспен (88) исто така, смета дека ни Грција не помага ако остане во еврозоната.

„Сметам дека е само прашање на време кога сите ќе сфатат дека поделбата е најдобра стратегија“, истакнал Гринспен, кој на чело на американската банка бил од 1987 до 2006 година.

Гринспен наведува дека засега „сите карти се во рацете на членките на еврозоната“. Нешто порано, британскиот министер за финансии Џорџ Озборн за Би-Би-Си рекол дека излегувањето на Грција од еврозоната ќе произведе нестабилност на европскиот финансиски пазар, како и големи проблеми во Британија.

„Блокадата во односите на Грција и еврозоната секојдневно го зголемува ризикот за британската економија“, рекол Озборн.

Истовремено во Атина, грчкиот премиер Алексис Ципрас го отфрлил пакетот на помош кој Грција го доби од ЕУ и ММФ, истакнувајќи дека Атина нема да бара од лидерите на ЕУ продолжување на заемот.

„Заемот доживеа неуспех. Новата влада нема оправдување да бара продолжување ... бидејќи таа не може да бара продолжување на грешки“, рекол Ципрас во првиот голем говор во парламентот како премиер, пренесува Ројтерс. Министрите за финансии од 19 земји членки на еврозоната во средата ќе одржат вонреден состанок на кој ќе разговараат за должничката криза во Грција, објавил шефот на еврогрупата Јерун Дајселблум.

Состанокот бил прва шанса за грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, да се сретне со сите колеги од 19-те членки на еврозоната и „да ги стави на маса своите идеи“.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад