Грција пред нов почеток – банките отворија, ДДВ-то се зголемува!
Објавено во: Балкан 20 Јули, 2015 11:08
Загрозената од банкрот Грција денес треба да плати 3,5 милијарди eвра на Европската централна банка (ЕЦБ).
Владата на премиерот Алексис Ципрас веќе заостанува со плаќањето на речиси 2 милијарди eвра кон Меѓународниот монетарен фонд, но и покрај тоа шефот на ЕЦБ Марио Драги очекува да добие соодветна сума.
Увереноста му се базира претежно на договореното од Советот на министрите за финансии на земјите од еврозоната (т.н. Еврогрупата) за мостово финансирање за Атина вредност 7,16 милијарди евра.
Мостово финансирање кое ќе дојде од Европскиот механизам за финансиска стабилност, треба да ја поддржува Грција до усвојувањето на третата спасувачка програма, која може да потрае неколку недели. Се очекува Атина да добие привремено финансирање денес, за да може да ги исполни обврските кон централната банка.
Од денес, исто така грчките банки ќе отворат по тринеделниот "одмор" и воведување на контрола на капиталот. Има промена и кај ограничувањата за влечењето на пари - штедачите кај нашиот јужен сосед ќе можат да повлечат до 420 евра неделно. Заштедата сепак ограничува од 60 евра на ден. Односно ако штедачите денес не повлечат 60 евра, следниот ден ќе може да повлече 120 евра и така до 420 евра неделно. "Од сабота, 25 јули до саботата, 1 август, и во наредните недели по 1 август тие ќе можат да влечат по 420 евра неделно", посочи претседателот на National Bank of Greece и претседател на Сојузот на банките во Грција Лука Кацели. "Ако некој не повлекол парите за тековната недела, тој го губи ова право, односно следната недела ќе може да добие не повеќе од 420 евра", појасни таа.
Освен тоа Грците повторно добиваат пристап до банкарските сефови.
Бизнис трансакциите исто така ќе бидат забрзани, за да се даде поттик на економијата.
Грција, исто така, треба денес да ги претстави првите предлози за модернизација на администрацијата, чија неефикасност се наведува како една од најголемите пречки за воведување на реформи.
Во сила влегуваат и унапредувањето на ДДВ, кои беа меѓу условите поставени од кредиторите, пред да започнат преговорите за новиот спасувачки план.
Од 13 до 23 отсто се зголемува ДДВ за стоки и услуги, како обработена храна и храна служена во ресторани и барови. Силно се зголемуваат потрошувачките даноци на бројни грчки острови.
Се очекува повисоките даноци да донесат во државната каса 800 милиони евра до крајот на годината.
Грција има државен долг во износ од 313 милијарди евра и практично е несолвентен. Новиот спасувачки пакет по досегашни пресметки ќе изнесува до 86 милијарди евра за период од три години. Во замена Грција треба да преземе сериозни реформи и буџетските ограничувања. Зголемувањето на ДДВ беше прифатено пред неколку дена од мнозинство во грчкиот парламент и беше едно од најважните услови за почеток на преговорите.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




