Грција продолжува со приватизацијата на пристаништето во Пиреја
Објавено во: Балкан, Економија 15 Мај, 2015 20:29
Грција ја деблокира приватизацијата на пристаништето во Пиреја, а владата во Атина побара обврзувачки понуди од компаниите кандидати за купување на 51 отсто од акциите на пристаништето, соопштуваат грчките медиуми, цитирани од агенциите.
Од минатата година за втората фаза на тендерот се пласираа кинеската Cosco и уште четири други компании. Продажбата на пристаништето сепак беше запрена поради изборите во земјата, кои ја доведоа на власт владата на СИРИЗА и водачот Алексис Ципрас.
Владиниот портпарол ги известил инвеститорите во врска со приспособена покана за доставување на понуди, која предвидува купување на 51 отсто наместо 67 отсто, како удел што првично беше предложен за приватизација.
Во моментов само три од петте компании продолжуваат да одржуваат интерес за купување на пристаништето Пиреја. Тоа се кинеската Cosco, холандската ARM и седиште на Филипините Container Terminal Services. Станува збор за приватизација на 51 отсто од акциите на пристаништето со перспектива овој удел да достигне 67 отсто во следните пет години, ако бидат инвестирани 300 милиони евра.
Плановите на грчката влада се тендерот да биде распишан кон крајот на септември - почетокот на октомври.
Приватизацијата на пристаништето во Пиреја се случува во момент кога новата грчка влада се обидува да обезбеди дополнителни средства од спасувачката програма за земјата, за што се договори во почетокот на годината.
Атина изјави подготвеност да ги ревидира плановите за продажба на државните средства на земјата под услов дека државата ќе продолжи да учествува во секоја приватизациска зделка.
Меѓународните кредитори бараат од Грција Владата да ја забрза распродажбата на овие средства, ако сака да добие пристап до преостанатите 7,2 милијарди евра од последната спасувачка транша.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




