Нов штрајк во Грција-парализиран поморскиот и железничкиот сообраќај
Објавено во: Балкан 03 Април, 2013 12:52
Дваесет и четири часовен штрајк во знак на протест против економските мерки го парализираше денеска поморскиот и железничкиот сообраќај во Грција, што засегна десет илјади патници, јави ДПА.
Фериботите останаа вкотвени на пристаништата во земјата, а застој има и во железничкиот сообраќај поради штрајкот на вработените во секторот против намалувањето на платите.
Пристанишните работници бараат да ги добијат од бродосопствениците неисплатените плати и да се стави крај на работењето без договор и осигурување. Тие исто така бараат Владата да се откаже од планот за определување на минимален број на пристанишни работници со мотив, дека тоа ќе доведе до намалување на работните места.
Се очекува денеска да има и застој во воздушниот сообраќај, поради тоа што контролорите на летовите исто така стапуваат во 24-часовен штрајк.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





