05 Декември, 2025
0.0508

Грција се подготвува за посетата на „тројката“

Објавено во: Балкан 29 Март, 2013 09:49

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Андонис Самарас синоќа се сретна со министерот за финансии Јанис Стурнарас во рамките на обидите на Владата да заокружи неколку нереализирани цели во врска со структурните реформи пред претставниците на „тројката“ да се вратат во Атина следната недела. Стравувајќи од влошување на климата во еврозоната по тензичните преговори за помошта за Кипар, Самарас води дискусии со цел финализирање на позиција на Грција за отпуштања и трансфери во државниот сектор, за итниот данок на имот, како да се намали товарот на оние кои имаат кредити и каков план за исплата ќе им биде понудени на Грците кои должат даноци. Се уште не е познато колку државни службеници ќе ги загубат своите работни места до крајот на 2014 година. Последниот предлог на Атина кон „тројката“ беше оваа и следната година да бидат отпуштени пет илјади вработени во јавниот сектор. Самарас и Стурнарас очекуваат меѓународните кредитори во следните неколку дена да го одобрат доделувањето на следната транша од помошта за Грција во вредност од 2,8 милијарди евра. Еден од тројца даночни обврзници и две од три компании во Грција и должат пари на државата, соопшти грчкото Министерство за финансии, нагласувајќи дека 2,5 милиони даночни обврзници должат вкупно 20,4 милијарди евра и речиси 150.000 компании должат околу 35,5 милијарди евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии