18 Декември, 2025
0.0527

Грција се согласила за буџетските барања на ЕК?

Објавено во: Балкан, Економија 15 Јуни, 2015 18:17

Добивај вести на Viber

Во спорот за избегнување на евентуалниот грчки банкрот, Атина почнува да манифестира малку повеќе разум. Владата на премиерот Алексис Ципрас се согласила со барањата на кредиторите за постигнување на примарен буџетски суфицит од 1 процент, соопшти Европската комисија, цитирана од светските агенции.

Досега Грција инсистираше на помал примарен суфицит во износ од 0,75 отсто, што би значело помали заштеди за земјата.

Според портпаролот на ЕК Аника Браидхарт кредиторите на Грција - ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), веќе имаат направено „значителни отстапки“, за да биде постигнат договор и да се избегне прогласување на неликвидност на Атина. Браидхарт додала дека овие напори не смеат да бидат еднонасочни.

„Генералните попусти и флексибилноста која беше манифестирана, веќе се значителни и тоа не е еднонасочен пат“, истакнала Браидхарт пред новинарите, појаснувајќи каква е позицијата на институцијата во преговорите со Грција.

Кредиторите на Грција не сакале намалување на пензиите или платите во земјата. „Многу погрешно претставување на фактите е да се тврди дека институциите инсистираат или настојувале за кратење на индивидуални пензии“, додала Браидхарт.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата