05 Декември, 2025
0.1695

Грција сепак има оптимисти за економијата на земјата

Објавено во: Балкан 30 Јануари, 2013 10:07

Добивај вести на Viber

Гувернерот на Централната банка на Грција Јоргос Провопулос и министерот за финансии Јанис Стурнарас се оптимисти за економијата на земјата.

Во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“ за време на посетата на Лондон тој истакна дека најлошото за Грција завршило и оти доказ за тоа е фактот дека се изгласани законите, вклучени во антикризната програма на Владата во Атина и оти владејачката тројна коалиција брза да ги реализира сите цели содржани во неа.

Првопулос нагласи дека од јуни до крајот на декември во грчките банки се вратени во форма на депозити околу 15 милијарди евра. Тој е оптимист и во однос за рекапитализацијата на грчките банки, нагласувајќи оти е возможно да биде постигнато десетпроцентно учество на приватните банки во тој процес.

Првопулос се надева дека банките, кои треба да добијат пристап до капиталните пазари до крајот на април ќе можат да се соочат со таа ситуација.

Министерот за финансии Стурнарас во интервју за Би-Би-Си нагласи дека го има истото мислење со гувернерот на Централната банка. - Најлошото во Грција помина и растот на грчката економија ќе почне од 2014 година, рече тој.

Стурнарас нагласи дека веројатноста Грција да излезе од еврозоната во моментов е мошне мала.

- Успеавме да ја трансформираме економијата, од пазарите има повеќе оптимизам. Влоговите се враѓаат во банките, владата ги плаќа задоцнетите задолжувања кон државниот сектор и има промена во однос на Европејците кон нас. Со оглед на тоа дека сите клучни фактори се позитивни, ние сме минале две третини од патот за постигнување на нашите цели, така што нашите граѓани веќе можат да се надеваат на подобро, нагласи грчкиот министер за финансии.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии