05 Декември, 2025
0.1936

Грција со помал буџетскиот дефицит од планираното

Објавено во: Балкан 22 Јануари, 2013 18:37

Добивај вести на Viber

2012 година Грција ја заврши со буџетскиот дефицит од 15,7 милијарди евра или 8,1 проценти од БДП, што значи дека земјата ги почитувала преземените ветувања во замена за финансиската поддршка од ЕУ и ММФ, пренесоа светските агенции. Како што соопшти Министерството за финансии, буџетскиот дефицит е намален за 31 процент во споредба со 2011 година, кога изнесуваше 22,8 милијарди евра (10,9 процента од БДП).

Медиумите пренесоа и дека Грција дури постигна подобар резултат за буџетскиот дефицит во 2012 година во споредба со првично поставената цел за 8,4 проценти од БДП.

По однос на првичниот буџетски дефицит (буџетскиот дефицит пред плаќањето на каматите по долгот) Грција постигна уште подобри резултати во 2012 година, бидејќи, имено, тој е сведен на 3,5 милијарди евра или 1,8 процент од БДП, додека целта беше 4,6 милијарди евра (2,4 процента од БДП).

И покрај продолжувањето на трендот на криење на доходите, министерството се пофали дека ги надминало поставените цели за даночни примања. Овие примања изнесувале 48,325 милијарди евра, иако тие бележат намалување во однос на претходната година заради рецесијата и општиот пад на животниот стандрад.

Главниот напор во 2012 година бил насочен кон расходите, кои се намалени до 67,614 милијарди евра во однос на 76,7 милијарди евра во 2011 година, посебно преку кастрењата на воените нарачки и на буџетите на болниците.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии