05 Декември, 2025
0.0318

Грција во лов на руски инвеститори, се отстрануваат бирократските пречки

Објавено во: Балкан 03 Март, 2013 10:47

Добивај вести на Viber

Грчката владина делегација претставила пред Русија 10 големи инвестициски проекти, а на руските претставници им биле наведени и условите за работа на идните инвеститори, соопшти вчера портпаролот на грчката влада Симос Кедикоглу. Според Кедикоглу, инвеститорите ќе го избегнат „бирократски кошмар". „Постојат голем број на приватни инвестициски програми во рамките на агенцијата „Invest in Greece“. Претставивме 10 проекти, избрани од различни области - туризам, здравство, фармација, преработка на отпад, обновливи извори на енергија и на потенцијалните инвеститори им објаснивме декаГрција ги заштитува интересите на инвеститорите", рече тој. Според него, рускиот бизнис бил заинтересиран за предлогот за соработка во областа на фармацијата, а бил даден предлог и за проектот за производство на прехранбени производи и пијалаци. „Што се однесува до храната, тогаш тука најдобрата реклама ја прават руските туристи кои веќе имаат дојдено во Грција", истакна пред медиумите Кедикоглу. Тој соопшти дека грчките власти ја забрзале постапката за издавање на документи и се отстраниле бирократски препреки. „Сега лиценцирањето е овозможено во една служба,  а рокот на издавање на лиценцата е ограничен на најмногу 60 дена. Ако инвестицијата е за сума над 50 милиони евра, тогаш Владата е подготвена буквално да води инвеститорот за рака до моментот на завршувањето на реализацијата на инвестицискиот проект. Прекинаа бирократските кошмарите од минатото ", категоричен е владиниот портпарол. Тој посочи и дека Грција смета дека компанијата Руска железница може да учествува во приватизацијата на грчките железници и во креирањето на современ транспорт во земјата, во кој би можеле да поминат сите товари кои пристигнуваат од кај Суецкиот канал. „Замислете си само пример модерна железничка мрежа, поврзана со пристаништето, да речеме, во Солун. Ова може да се претвори во врата за сите стоки кои пристигнуваат од Азија преку Суецкиот канал, а оттука тие можат да бидат доставени преку железнички превоз во Европа ", појасни Кедикоглу. Руски компании биле заинтересирани и за приватизацијата на други претпријатија, како грчката нафтена компанија „Hellenic Petroleum“,  централата на грчката електрична компанија „DEI“, за регионалните аеродроми и пристаништата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии